Excellent Македонија

Excellent Македонија

Што претставува сертификатот Excellent SME?

За повеќе информации обратете се на телефонскиот број (02) 15 0 15 и поставете директно прашање до нашите вработени.

Печатот на веб-порталот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење. Стопанската комора на Македонија го издава сертификатот во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE од Хрватска, за најуспешните мали и средни компании во Македонија.
Главната цел на сертификатот, која се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тоа ќе им помогне на клиентите и бизнис-партнерите да го намалат финансискиот и другите ризици кога склучуваат деловни договори.
Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса, и најважното - нејзиниот бонитет.
Основата за сертификацијата е кредитниот извештај и континуираниот мониторинг на COFACE - Хрватска. Истовремено, SafeSigned ™ веб-сајт технологијата спречува печатот за квалитет Excellent SME МACEDONIA да биде копиран и користен на кој и да било друг веб-сајт.
Со инсталирање и користење на потенцијалот на сертификатот и постојните партнери може да прават разлика меѓу успешни и помалку успешни компании.